МЗ: Вакцинираните граѓани да бидат исклучително внимателни, треба да помине време за имунитет

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство информира, сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината Астра Зенека и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, еве неколку важни информации за самата вакцина и процесот на создавање имунитет.

Loading...

– По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена.

– Најчести несакани ефекти по примање на вакцината се – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa

– Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.

Leave a Reply