МЗ: АстраЗенека ќе се употребува само кај популација постара од 60 годни

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство денеска излезе со соопштение во кое ги појаснува причините за одлуката, АстраЗенека да биде давана само на лица повозрасни од 60 години.

Loading...

Во продолжение ви го пренесуваме интегрално соопштението на Националната техничка работна група за КОВИД 19 вакцинација:

Националната техничка работна група за КОВИД 19 вакцинација ги следи сите информации во однос на ефикасноста и безбедноста на сите вакцини вклучително и на вакцината на АстраЗенека. Во тек на вчерашниот ден беа разгледани ставовите на Германија и Канада, чии здравствени регулаторни тела одлучија оваа вакцина привремено да ја користат само кај популација постара од 60  т.е  55 години.

Овие одлуки ги темелат на појава на многу ретки случаи на згрутчување на крвта, вклучувајќи и ретки случаи на тромбоза на церебрален венски синус кај лица кои ја примиле вакцината на АстраЗенека. Во моментов од страна на ЕМА и СЗО нема промена на официјалните препораки во однос на возрасните групи кои може да ја примаат вакцината на АстраЗенека. Засега најголем број на европски држави продолжуваат со вакцинацијата на цела популација со вакцината на АстраЗенека.

Имунизација со АстраЗенека во нашата земја започна денес за ѓраѓаните над 77 години и ќе се одвива според националниот план за вакцинација. Будно ќе ја пратиме состојбата и новите информации во однос на употребата на вакцината на АстраЗенека, а како мерка на предпазливост во следните денови до добивање на официјални препораки и ставови, вакцината на АстраЗенека во нашата држава ќе се употребува само кај популација постара од 60 годни.

Бенефитот од вакцинацијата неколку кратно е поголем од ризикот на истата, и вакцините остануваат единствен начин за сузбивање на пандемијата. Досега од вакцината на АстраЗенека се дадени над 15 милиони дози и бројот на несакани реакции и изворедно мал.

Никола Ивановски

Leave a Reply