МВР: Во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 2.662 бегалци

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден, на ТЦ Гевгелија  издадени се потврди на вкупно 2.662 странски државјани, од кои најбројни за издавање потврди се пријавиле државјани на Сирија – 1.444, Авганистан – 623 и Ирак-595.

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 382.814 странски државјани, додека до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 29.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 84 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 56 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23  деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29.12.2015 година евидентирани се вкупно 43 баратели на азил од кои 30 мажи, четири  жени и девет деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател  )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

 

Loading...