МВР: Во последните 24 часа на бегалците издадени 1.601 потврди

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие биле издадени вупно 1.601 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголемиот дел од потвтдите се издадени на државјаните на Сирија – 865,  Авганистан – 381 и Ирак – 355, а од почетокот на годината до сега издадени се потврди на вкупно 30.900 бегалци.

До Секторот за азил, во изминатите 24 часа не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годината, заклучно со вчерашниот ден поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.