МВР: Вчера издадени потврди на 572 бегалци

Сподели со своите пријатели

Само 572 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле поднесени во текот на вчерашниот ден, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор повторно за најголем дел деца бегалци и тоа 280 со придружба на родители или старатели, како и две деца кои патувале сами. Останатниот дел се 169 возрасни мажи, како и 121 припадничка на женскиот пол.

Според државјанството, најмногу биле издадени потврди на државјаните на 189 државјани на Сирија, потоа на 176 државјани на Авганистан и на 207 државјани на Ирак, а бројката на потврдите издадени од почетокот на 2016-та година до сега изнесува 81.976.

Во последните 24 часа до Секторот за азил не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.