МВР: Вчера издадени 316 потврди за бегалците

Сподели со своите пријатели

Вкупно 316 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на странски државјани биле издадени во текот на вчерашниот ден, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупно издадените потврди најголема категорија се децата придружувани од родители или старатели односно 127, како и две деца кои патуваат самостојно без придружба на возрасно лице. Останатиот дел се 111 возрасни мажи и незначителна бројка од 76 женски лица како носители на потврдите.

Според државјанството, потврди се издадени на 264 државјани на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на 2016-та година изнесува 88.644.

Во изминатите 24 часа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.