МВР со детали за пронајдениот женски труп во водите на Пчиња

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 16,30 часот во Куманово, во водите на реката Пчиња во атарот на с.Војник, пронајдено бил телото на С.Д. (75) од селото Младо Нагоричане, која на 16.05.2016 година била пријавена за исчезната, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Телото било извадено од страна на Територијалната противпожарна единица – Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи – Куманово., а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.