МВР СО ДЕТАЛИ: Возач од Куманово усмртил пешак во Скопје

Сподели со своите пријатели

Четирисет и двегодишен возач од Куманов вчера удрил во седумдесет и петгодишен пешак од Скопје, кој починал на местото на несреќата.

Loading...

– На 26.01.2022 во 11.25 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“, ул.„Лазар Личеновски“ и ул.„11 Март“ патничко возило „бмв x 6“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ф.(42) од Куманово, удрило во пешакот С.А.(75) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски