МВР: Само 729 бегалци побарале потврди во изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Вкупно 729 потврди за за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил им биле издадени на странски државјани во текот на изминатите 24 часа.

Најголемиот дел од нив повторно се мажите и децата, а во нешто помал број жените, а според државјанството повторно најбројни се државјаните на Сирија – 360, Авганистан – 319 и Ирак – 50.

Бројката на издадени потврди од почетокот на годината заклучно со вчерашниот ден се искачи на 31.629. Според државјанството најбројни се државјаните од Сирија – 15.212, Авганистан – 10.518 и Ирак – 5.896 потврди.

Во изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а од почетокот на годината тоа го сториле само шест лица, од кои сите малолетници.