МВР: Само 715 бегалци добиле потврди во изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа биле издадени потврди на вкупно 715 странски државјани, кои искажале намера за барање азил во Република Македонија, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Најбројни се државјаните на Авганистан и тоа 318, додека од Сирија 304, а од Ирак само 93 бегалци.

Во последните 48 часа е забележан тренд на намалување на бројката на бегалци кои транзитираат низ Република Македонија. Таа бројка завчера изнесуваше 1.359, а во теокт на вчерашниот ден е намалена на 715, со тоа што во истиот период нема поднесени барања за признавање право на азил.

До Секторот  за азил од почетокот на 2016 година, вкупно поднесени биле три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Инаку вкупната бројка на бегалци кои за девет дена транзитирале низ државата изнесува 17.882.