МВР: Родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа ,,ТикТок” во Русија и Израел се забележани повици на самоповредување на малолетни лица.

Loading...

МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи.

Според досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања.

 

М.Ф

Leave a Reply