МВР: Регистрирани се нови 1.492 бегалци без побаран азил во Македонија

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во последното деноноќие, во ТЦ Гевгелија издадени се потврди на вкупно 1.492 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 739, Ирак – 404 и Авганистан – 349.

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 357.713 странски државјани, додека во текот на последното деноноќие, до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 21 декември, до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил.