МВР: Од 200 илјади регистрирани бегалци, досега се поднесени 70 барања за азил

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие,  издадени се потврди на вкупно 3.702 странски државјани,  од кои најбројни се државјаните на Сирија-2.313, Авганистан –961, Ирак-177 додека другите се во помал број.

Loading...
 Во периодот од 19 јуни до 1 ноември, според МВР, издадени се потврди на вкупно 203.940странски државјани, а до Одделението за азил не се поднесени барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
 Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01 ноември, до Одделението за азил се поднесени вкупно 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.11.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.