МВР: Нови 830 регистрирани бегалци и две барања за азил

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, на ПТЦ Гевгелија потврди побарале 830 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Авганистан – 424,Сирија – 320 и Ирак – 86.

Во изминатите 24 часа, до Секторот за азил се поднесени  две барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на две малолетни лица од Авганистан и Сирија, со што бројката на вкупно побаран азил се искачи на пет барања за 2016.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10.01.2016 година евидентирани се вкупно девет  баратели на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 13 баратели на азил ( еден мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и осум  малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.