МВР најавува посебен сообраќаен режим кон Меморијалниот центар АСНОМ

Сподели со своите пријатели

По повод одбележувањето на националниот празник “Илинден“, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, Општина Старо Нагоричане, ќе биде применет посебен собраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот, јавува МВР.

Loading...

Во Пелинце каде што почетокот на празничната манифестација е закажан за во 10,00 часот во недела, се апелира до граѓаните кои ќе сакаат да присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 09,00 часот, бидејки поради присуство на ВИП гостите, ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.