МВР: Над 4.000 регистрирани бегалци за последните 24 часа

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во последните 24 часа има издадено вкупно 4.026 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.

Меѓу поднесените барања кои се скоро за 1000 повеќе споредбено со претходниот ден, најбројни се државјаните на Сирија – 1.706,  Ирак – 1.233 и Авганистан – 1.087.

Што се однесува до вкупниот број на издадени потврди од 19 јули, заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди ан вкупно 373.303 странски државјани.

Во изминатото деноноќие до Секторот  за азил не е поднесено    барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, додека од 19 јули до сега нивната бројка изнесува 83.