МВР: Издадени се 360 илјади потврди на бегалци и 83 барања за азил

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, издадени се потврди на вкупно 2.283 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 980, Авганистан – 827  и Ирак-476.

 Во периодот од 19 јуни заклучно со 21 декември,  издадени се потврди на вкупно 359.996 странски државјани, додека до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил.

Штрајкот кој вчера го сопре движењето на возовите на МК Железници откако гевгелиските таксисти се побунија за превоз на мигрантите од Гевгелија кон Табановце, предизвика вистински целодневен хаос во ТЦ Винојуг, соопштија граѓанските активисти.

Протестот беше прекинат некаде пред полноќ со постигнат договор, бегалците сепак да бираат како ќе се упатат кон север, со тоа што таксистите сега ќе бидат паркирани пред влезот на Транзитниот центар, со уредно доставени бројчиња за повик.

 

Loading...