МВР: Бројката на издадени потврди од почетокот на годината до сега надмина 50.000

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1.837 странски државјани добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил во последните 24 часа, со што вкупната бројка од почетокот на годината до сега достигна до 50.211, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголемиот дел од нив повторно се мажи и тоа 754, нешто помалку се децата придружувани од родител или старетл – 691, додека повторно најмалубројни се жените чија бројка изнесува 392. Според државјанството на лицата кои добиле потврди, најбројни се државјаните на Авганистан – 741, Сирија – 690 и Ирак – 406.

Во последното деноноќие до Секторот за азил  не се поднесени барања за признавање на право на азил.