МВР: 2.119 бегалци побарале потврди во изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Во последните 24 часа биле издадени вкупно 2.119 потврди на странски државјани  за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од лицата на кои им биле издадени потврди најголемиот дел биле мажи и деца, а според државјанството најбројни се лицата од Сирија – 1.215,  Авганистан – 476 и Ирак – 428.

Од почетокот на годината заклучно со вчерашниот ден биле издадени вкупно 29.299 потврди на  странски државјани.

Во последното деноноќие нема до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, додека од почетокот на годината тоа го сториле само пет возрасни лица, како и шест деца.