МВР: 170 потврди за бегалците издадени во последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Вкупно 170 потврди за за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени во последните 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број потврди најбројни се децата бегалци, односно 67 со придружба на родители или старатели, како и три деца кои патуваат без придружба, додека 59 се издадени на возрасни мажи и 41 на жени бегалки.

Според државјанството, потврди биле издадени на 128 државјани на Сирија и на 42 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокто на годината заклучно со вчерашниот ден изнесува 87.206.

Вчера до Секторот за азил не биле поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.