Музички автопат ги полудува мештаните на оваа холандско село (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ако се возите по автопатот кој минува покрај холандското село Јелсум, немојте да се изненадите кога ќе слушнете дека патот свири мелодија.

Новитет осмислен како начин патувањето низ монотоната рамнина да се направи повесела е така што на патот се поставени попречни прагови, но тие се повеќе предизвикуваат противење кај мештаните кои велат дека константното свирење на една иста мелодија ги излудува.

Кинезите го направија првиот соларен автопат во светот (ВИДЕО)

Loading...

Мелодијата настанува кога автомобилските тркала минуваат преку праговите предизвикувајќи тактилни вибрации. Кога возилото се движи со дозволена брзина од 60 километри на час, патото беспрекорно ја свири химната на покраината Фризи, северен регион на Холандија кој има посебен јазик и култура.

Меѓутоа, мелодијата е гласна и со оглед на тоа дека звукот патува низ воздухот, локалните жители велат дека музичкиот пат создал бескрајна какофонија која ги држи будни цела ноќ.

– Минатата сабота навечер таксињата возеа од Леуварден до Стиенс и назад настојувајќи да минат преку праговите што е можно побргу, така да цела ноќ слушавне забрзана химна, рекла мештанката на Јелсум, Риа Јансма.

Италијански автопат: Чудо од 190 тунели и 480 мостови (фото+видео)

Властите на Фризија прифатиле да ги отстранат праговите кон крајот на неделава, јавува локалниот магазин „Лаувардер Курант“.

Leave a Reply