Музичката група С.А.Р.С. го поддржува Средношколскиот пленум

Сподели со своите пријатели

Членовите на музичка група С.А.Р.С. денеска споделија фотографија на социјалните мрежи со која ги поздравија средношколците во Македонија, кои веќе трета недела ја бојкотираат формалната настава во училиштата.

Loading...

Средношколците ја имаат поддршката и од другите познати музички имиња од македонската сцена како што се Тони Зен, Тајзи, Џака Накот и други.

Средношколците денес во 12 часот во Скопје ќе го одржат својот трет протестен марш како револт од инорантскиот однос од страна на министерот Абдулаќим Адеми.

Маршот почнува од фонтаната во Градски парк, а продолжува кон Владата и завршува пред Министерството за образование.

Средношколците јавно добија поддршка од Студентскиот, Професорскиот пленум и граѓаните, а воедно добија поддршка и од Унијата на средношколци Албанци.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *