Музејот кој во 2017 година го посетија 8 милиони луѓе

Сподели со своите пријатели

Францускиот музеј „Лувр“ соопштува дека во 2017 година имале 8,1 милиони посетители, што е за 10 отсто повеќе од 2016 година.

Од таа бројка, 70 отсто се странци, најмногу од САД и Кина.

„Лувр“ е најпосетениот светски музеј, без оглед на тоа што туризмот во Париз претрпе огромни губитоци од 2016 година поради серијата терористички напади.

Инаку, „Лувр“ е прв пат отворен како музеј на 10 август 1793 година.