Мултимедијален настап во умтеничката галерија (фото)

Сподели со своите пријатели

Мултимедијален настан со повеќе содржини вчеравечер се одржа во Умтеничката галерија при Музеј Куманово, на кој се претставија дуото „Обохтал“, арт перформанс на Ивица Димитријевиќ и видео презентација на уметникот Кристина Божурска.

 

Loading...

 

Божурска со видеото изложи и неколку објекти направени од стиропор, пур пена и злато, а во видео презентацијата е прикажан процесот на распаѓање на овие материјали.

Она што сакам е кратко и директно во кратки црти да алудирам на моментот со Скопје 2014, материјалот што е искористен површински покриен со злато. И покрај тоа што видеото и објектите алудирам на тој проект, сепак од друга страна може да се сфати пошироко односно самиот процес на прикривање, трансформирање на нешто што е многу евтино, а во суштина се обидуваш да го прекриеш и да го презентираш, да го покриеш со злато за да ја трансофрмираш суштината заона што го прикажуваш – вели Божурска.

 

Според неа проектот Скопје 2014 ги провоцира уметниците да реагираат на сето она што се случува во изминатите години.

Процесот на расмилување на објаснување мислам дека ми одзема повеќе време, видеото инаку, процесот трае подолго на распаѓање, но во видеото е убрзано за да биде поефектно и да се долови смислата на тоа колку може сето тоа да исчезне – додава уметникот Божурска.

 

Дел од мултимедијалниот настан беше и бендот „Обохтал“ на Антонио Митевски и Давор Серкиниќ кои настапија со амбиент-експериментална музика базирана на импровизација.

Воедно уште сето тоа поколоритно и попрофи ќе се претставиме на 17ти јуни, ова воедно е и покана со тоа што ќе настапиме со Дамо Сузуки. Постоиме како дуо некаде три години, но 2016та година почнавме со настапи, првиот настап ни беше во Скопје, па потоа на „Земјотрес фестифал“, настапувавме во Битола не покани Дебатно кино и ова ни е всушност прв настап во Куманово – изјави Сиркиниќ.

Loading...

 

Дел од настанот беше и беше и интересниот настап на Ивица Димитријевиќ, а настанот претставува продолжена соработка на кумановскиот музеј и „Кибер Панк“.