МТСП: Мерката „трето дете“ не дава резултати, трошоците на државата растат, а наталитетот опаѓа

Сподели со своите пријатели

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, во синоќешното издание на дебатната емисија „Економски магазин“, зборувајќи за ефикасноста на додатокот за трето дете, покажа фундаментално неразбирање за системот и самиот термин „демографска мерка“, стои во денешната реакција на Министерството за труд и социјална политика.

Loading...

Повикувајќи се на растечкиот број на корисници, пратеничката тврди дека „мерката сама по себе има дадено резултати“, што е целосно погрешен заклучок. Напротив, и покрај зголемениот број корисници мерката не дава никави демографски резултати. Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што стои во реакцијата на МТСП, драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете”. Според податоците, наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Оваа мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но таа очигледно не дава резултати.

-Заедно со бројот на корисници на мерката, растат и трошоците на државата. И покрај фактот што наталитетот опаѓал, Владата потрошила безмалку 208 милиони евра за исплата на додатокот за трето и четврто дете. Сите овие податоци потврдуваат дека мерката за трето дете е неефикасна и лошо дизајнирана од самиот почеток. Така на пример, додаток за трето дете добивале семејства кои се во многу добра економска состојба и немало никакво ограничување во однос на ова па го добивале и семејства кои имаат многу високи приходи, велат од ресорното министерство.

Социјалната реформа која ја изработи актуелното раководство на МТСП воспоставува целосно нов, правичен и ефикасен систем на социјална заштита. Со него, се обезбедува еднакво општество за сите и се насочуваат парите кон оние граѓани на кои им се најпотребни, се наведува во реакцијата.

Leave a Reply