МТСП: Ја зголемивме поддршката за најранливите, создаваме подобра перспектива за сите

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска со неколку поранешни министри и актуелни функционери од регионот дебатираше на панел дискусија посветена на политиките против сиромаштијата, во рамки на регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“.

Loading...

„За пет години најмалку ќе знаме колку се трансформативни реформите, што ги спроведуваме. Овие социјални реформи се исклучително важни не само за да им овозможиме поддршка и услови за нормален живот на социјално ранливите семејства, туку и за да се подобри состојбата за сите граѓани, за да се задржат младите во државата и да се креира подобра перспектива за сите“, истакна Царовска.

Изминатите 30 години центрите за социјална работа ги губеа своите функции и своето достоинство и не го работеа она што треба да го прават. Со социјалната реформа се зголемени трансферите на пари кон најранливите, се воведува управување со случај во социјалните центри и се овозможува поддршка за преквалификација, доквалификација и вработување, како механизми за трајно излегување од сиромаштија.

Ања Копач Мрак, државен секретар од Канцеларијата на Премиерот на Република Словенија и поранешна министерка посочи дека ефективните трансфери во Словенија се 44,6 %, а во ЕУ е 36%. Детската сиромаштија пак, која е многу важно прашање, изнесува 15,1 % во Словенија и 21% во ЕУ.

„Во сите промени коишто ние ги правиме мора луѓето да ги ставиме како човечки капитал. Мора секој да биде вклучен и да изградиме социјално кохезивно општетсво. Затоа освен трансферите на помош кон семејствата се работи и на јакнење на заедниците. Имаме воспоставено мултигенерациски семејни центри. Идејата е тука луѓето да си помагаат. Но, дури и сега, процесот не е завршен и има уште работа“, истакна Ања Копач Мрак.

Гордана Матковиќ, професор на Факултетот за економија, финансии и администрација, Белград и поранешен министер за труд, вработување, прашања за борци и социјална политика, Србија, беше исто така учесник на оваа панел дискуција.

„Во еден момент бев навистина исфрустринарана бидејќи немаше можност да се координираме со министрите и да се седнат на иста маса. Во тој момент го измисливме Фондот за социјални иновации и испративме порака до донаторите коишто во тој момент ги имавме доста“, посочи таа. 

Славко Габер, Педагошки факутет – професор на Универзитетот на Љубљана и поранешен министер за образование, Словенија, истакна дека: „Сега имаме проблеми по незасвисноста, но следните генерации нашите деца, нашите внуци ќе бидат успешни. Важно е да се стабилизираат елементите на општеството при преминот од една економија до друга, од еден политички систем во друг“.

Loading...

Leave a Reply