Мртво бебе пронајдено во толает на граничниот премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Мртов фетос бил фрлен во корпа за отпадоци вчера на граничниот премин Табановце околу 12:45 часот, а го пронашла чистачката.

Како што пишува ПлусИнфо, според неофицијалните информации мртвиот плод се поврзува со една од студентките што вчера оделе на апсолвентска ескурзија, бидејќи како што велат вработени на граничниот премин се пожалила дека и е лошо, отишла во тоалет, но потоа го продолжила патувањето.

Од МВР потврдуваат дека мртов фетус е пронајден во тоалет на Табановце и велат дека го пратиле на обдукција. Повеќе информации за случајот засега не соопштуваат бидејќи се уште се ислитуваат сите околности поврзани со настано