Мртви животни, органи и крв расфрлани по улица, ВМРО бара одговорност од локалната власт (фото)

Сподели со своите пријатели

Страотна слика и миризба од расфрлани животински органи, мртви животни и крв утринава ги разбудиле жителите на улицата „Драган Стопаревиќ“, а од ВМРО-ДПМНЕ Куманово обвинуваат дека за таквата слика се виновни Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и градоначалникот Зоран Дамјановски затоа што не чистеле редовно.

Loading...

 

 

Прес конференцијата ви ја пренесуваме интегрално:

„Утрово повторно не затекна страотна слика и ужасна миризба на улицата,,Драган Стопаревиќ” на потегот кон булеварот Трета МУБ.

Страотната слика ја сочинуваат мртви животни на парчиња расфрлани по улицата, тротоарите и околните тревни некосени површини. Внатрешни органи, животински измет и крв.

Оваа населба е млада населба и на оваа улица дневно гравитираат илјадници  од сите категории меѓу кои и најмлади лица. Зарем треба да дозволиме да се трујат нашите деца во ваков неред ?? Нема  кој да го излечи нарушеното здравје, ако од ова произлезат некои последици штетни по животот и здравјето на децата и жителите тука.

Loading...

Одговорноста за страшната слика која не затече и за ѓубрето треба да ја понесат одговорните од општината, не е ниту прв ниту поселден пат вака нешто да се случува и затекува низ Кумановските улици, посебно во градско населените места. СДС, ЈП,,Чистота и Зеленило” и Дамјановски го претворија Куманово во депонија.

Тука луѓето немаат пристап летниот период до вода, а мини депонии со секаков вид на ѓубре може да се сретнат на секоја уличка. Во близина е и реката Кумановка, која е исто така на овој дел загадена со мртви животни, внатрешни органи, стари технички апарати и слично.Ваквата негрижа предизвикува потенцијален извор на зараза. Последиците од неодговорното владеење на СДС во Куманово веќе земаат загрижувачки размери.

Од ден на ден градот се повеќе тоне, а СДС е главниот виновник кој 27 години управува со Куманово.  Ова дефинитивно веќе е отидено надвор од секои граници и дефинитивно не е животот кој граѓаните на Куманово го заслужуваат, а вие 12 години ги лажете и манипулират. КУМАНОВО НЕ Е КИБЕРА ВО КЕНИЈА. Граѓаните тоа ќе ви го потврдат на локалните избори“ – вели Анета Шандева Доневска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.