Skip to content

МРТ упати повик за избор на композиција за Евровизија 2018 во Лисабон

Сподели со своите пријатели

Македонската Радио Телевизија упатува јавен повик за избор на композиција којашто ќе ја претставува Р.Македонија на претстојниот Избор за Песна на Евровизија 2018 во Лисабон, Португалија.

Се покануваат авторите и музичките продуценти од Р.Македонија и пошироко, да ги достават своите музички предлози (во демо или финализирана верзија) и со својот креативен труд да учествуваат на јавниот повик, со цел да се избере најдобрата песна претставничка за Лисабон 2018.

Предлог композициите се доставуваат на следната e-mail адреса: [email protected] или на адреса: Македонска Радио Телевизија, бул.Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје, Р.Македонија, со назнака ЗА ЕВРОСОНГ 2018.

Во прилог, ве молиме да ги доставите следните информации: 1) Имиња на авторскиот тим, 2)Кратка професионална биографија од авторите, 3) Наслов на композицијата, 4)Текст , 5)Контакт од членовите на авторскиот тим, 6)Релевантен линк од ваша веб страна или некој од социјалните медиуми (Facebook, Twitter, итн).

Согласно Правилата на ЕБУ, предлог композициите задолжително се во траење до најмногу 3 минути и во никој случај не смеат да бидат претходно објавени или јавно изведени.

Македонската Радио Телевизија како носител на лиценцата за Избор на Песна на Евровизија , донесе одлука за формирање на релевантно професионално жири, коешто ќе има за цел избор на композиција, а врз основа на избраната композиција , ќе предложи и изведувач или група изведувачи, коишто истата ќе може најдобро да ја исполнат на евровизиската сцена.

Членовите на авторскиот тим на одбраната композиција , ќе бидат лично контактирани од страна на Македонската Радио Телевизија, за понатамошно исполнување на процедурата за соработка и договор.

Македонската Радио Телевизија својата финална одлука ќе ја објави по резултатите од работата на жири комисијата.

Јавниот повик е отворен до 8 февруари 2018 година.

 

Услови за преземање содржини

Надворешните линкови преку маркетинг платформата MGID се одговорност на самиот огласувач, и порталот Кумановски Муабети не сноси никаква одговорност за пласираните информации.