МРК Куманово нерешено против Текстилец

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово со еден бод се вратија од средбата против Текстилец, која вчера заврши нерешено со резултат 28:28.

Loading...

Домаќините го отворија натпреварот и иако се играше скоро изедначено во почетокот од средбата сепак кумановци беа во негатива од четири гола разлика на полувремето, односно резултат 17:13.

Во вториот дел од средбата кумановци прикажаа поголема желба за победа, но сепак на крајот мечот заврши со нерешен резултат, што на двата состави им донесе по еден бод.

Со седум реализирани погодци најефикасен во составот на Куманово беше Влатко Тасевски, а четири постигна Давид Цветковски.

Кај домаќинот, најефикасен, а воедно и поентер на мечот, со 13 голови беше Васе Петров.

Следниот натпревар составот на Куманово го игра на домашен терен во недела против составот на Македонија Ѓ.П.

Leave a Reply