МРК Куманово го совлада Македонија ЃП

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов на домашен терен извојуваа победа врз составот на Македонија ЃП во рамките на 6то коло од домашниот шампионат.

Loading...

Кумановци имаа поволен старт и одлично ја искористија предноста што ја нуди домашниот терен, па веќе во првото полувреме, иако мало, сепак имаа водство. На моменти се играше гол за гол, но тимот на Куманово успешно пристигна до 14:12 по првиот дел од средбата.

Слична игра публиката во салата на СОУ „Перо Наков“ можеше да види и во вториот дел од натпреварот, кога кумановци беа за еден погодок подобри од своите ривали и впишаа трета првенствена победа, со резултат 26:23.

Убедливо најдобар на овој натпревар беше Андреј Миладиновски, кој успеа да забележи дури девет голови, а зад него со по четири погодоци на листата најефикасни се најдоа и Влатко Тасевски и Давид Цветковски.

Во составот на Македонија ЃП најефикасен беше Иван Никодиновски кој забележа шест погодоци, додека со еден помалку мечот го заврши Бојан Серафимовски.

МРК Куманово од почетокот на сезоната по шест одиграни кола, бележи одлични резултати, три победи, еден пораз, како и два нерешени натпревари, што моментално ги става на 4та позиција во табелата.

Никола Ивановски