МРАЧНОТО МИНАТО НА ОСНОВАЧОТ НА ИКЕА: Регрутирал членови за нацистите

Сподели со своите пријатели

Основачот на ланец продавници за мебел ИКЕА, Ингвар Кампрад почина во недела во 91. година од животот, а зад себе остави мрачно нацистичко минато.

Кампрад во Шведска е сметан за бизнис генијалец, јунак кој создал царство и вовел револуција во индустријата за мебел, но се покажало дека во неговата биографија не било се така прекрасно.

Како што пишува „Дејли мејл“, Кампрад бил алкохоличар, а тврдел дека тоа го држи под контрола така што апстинира три пати годишно, а останатиот дел од времето пие.

Сепак, најнепријатниот дел од неговото минато откриен е во 1994. година кога еден весник од Стокхолм објавил дека во 1943. година се придржуил на шведската нацистичка партија, отприлика во времето кога ја основал ИКЕА.

Весникот „Експресен“ објавил дека неговото име се јавува во архивите на Пер Енгдахл, шведскиот фашистички лидер.

Кампрад присуствувал на состаноците на нацистичката партија, останал и член и по Втората светска војна, а во 1950. година дури на Енгдахл му напишал дека е горд на својата работа во партијата.

Неговиот одговор на медиумските натписи од 1994. година бил брз и скромен. Напишал писмо до вработените во ИКЕА во кое поврзаноста со нацистите ја нарекол „најголема грешка во животот“, свое најголемо фијаско и дел од животот за кој многу се кае.

Книгата „Елизабет Асбринк“ од 2011. година сугерирала дека неговите нацистички врски биле уште посилни, односно дека Кампрад регрутирал членови и собирал пари за партијата, а поради врските со нацизмот започнале да го истражуваат и шведските разузнавачки служби.

Пред шест години откриено е дека ИКЕА користела политички затвореници за присилна работа во поранешна Источна Германија помеѓу 1960. и 1990. година. Компанијата истата година била обвинета з акористење градежен материјал од руските шуми стари 600 години.

Иако еврејските групи повикаа на бојкот на ИКЕА по откриените нацистички врски на нејзиниот основач, ништо не успеало да ја намали популарноста на компанијата, па така денеска таа има приход од над 33 милијарди фунти од 412 продавници во 49 земји.