Можни напади на ИСИС во Македонија и Косово

Сподели со своите пријатели

Косовската полиција добила информации дека блиски луѓе на лидерот на Албанците, меѓу кои се наоѓа и  Лавдрим Мухаџери, дале наредби за терористички напади на џихадистите во Македонија и во Косово, и тоа во Скопје и во Приштина.

Loading...

Албанската новинаска агенција Balkanweb, повикувајќи се на агенцијата Lajm.net, обезбедила соопштение во кое се даваат наредби на косовската полиција да преземе активности за да одговори на овие закани.

Се наведува дека едно лице од Македонија, инаку познато на полицијата, кое во моментот е во Сирија и се наоѓа во воените зони на Сирија и на Ирак, контактирал со негови соработници, барајќи во јуни да има напади во Македонија и во Косово. Со терористичките напади, се додава во информацијата, во Скопје и во  Приштина треба да се создадаат што поголеми материјални и човечки загуби.

На 22-ри мај според вештачење на видео поставено на интернет страниците коишто ги користат џихадистите, медиумите објавија дека човекот со брада, кој со базука убива сириски зарибеник, е косовскиот Албанец по име Лавдрим Мухаџери, кој се наоѓа на потерница на Интерпол.

Името на Лавдрим Мухаџери беше споменувано во светските медиуми уште во август минатата 2014 година, кога беше наведено дека Муџахери, кој стана познат откако на интернет објави фотографии на егзекуција момченце во Сирија, бил сменет од местото командант на албанските борци кои се борат на страната на џихадистите. На негово место бил поставен извесен Ридван Хакифи.

Според порталот Ummeta, близок на радикалните исламистички групи во БиХ и на Балканот, во редовите на џихадистите на Исламската држава во Ирак и во Сирија се борат неколку стотини доброволци од Балканот, вклучително и околу 150 Албанци.

Извор:Макфакс


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.