Можен нов упад во Конгресот: Претставничкиот дом на САД ја откажа седницата

Сподели со своите пријатели

Претставничкиот дом на американскиот конгрес ја откажа седницата планирана за денес, по предупредувањето на полицијата во Капитол Хил дека екстремисти можат да упаднат во зградата.

Loading...

Според Гласот на Америка, Претставничкиот дом требаше да расправа за Предлог-законот за реформа на полицијата.

Сепак, еден од членовите на тоа тело рече дека полициското предупредување, засновано на податоците на разузнавачките служби, претставува голем ризик и затоа плановите биле променети.

Властите велат дека екстремистите кои планирале да го нападнат Конгресот припаѓаат на група поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, кои упадна во Конгресот на 6 јануари за да спречат потврда за победата на eо Бајден на претседателските избори.

Полицијата во Капитол ја нарече групата екстремисти кои планираа упад „неидентификувана милитантна група“.

Во полициското соопштение се наведува дека „воведени се значителни промени и зголемени безбедносни мерки“ во Капитол, каде се наоѓаат Претставничкиот дом и Сенатот.

Не е познато дали овие измени се воведени заради последната закана или дали станува збор за мерките за кои станува збор по немирите на 6 јануари.

Во теориите на заговор на десницата, 4 март се споменува како ден кога поранешниот претседател Трамп, поразен на изборите на 3 ноември, ќе даде заклетва за втор мандат.

Loading...

Leave a Reply