Може ли тајниот сеф да го спаси човештвото од апокалипса? (видео)

Сподели со своите пријатели

Научниците и јавноста веќе долго време ги загрижува можната апокалипса која се најавува низ елементарни непогоди, нуклеарни конфликти или подигање на морето поради климатските промени. Секое од овие сценарија би можело да го уништи човештвото или значително да го намали бројот на луѓето на планетата, но и да уништи најважен елемент на нашето преживување – храната.

Поради тоа научниците направиле вистински трезор – сеф чие отворање ќе се случи единствено ако навистина дојде до некое од овие сценарија.

Тој е сокриен околу 100 метри во планината на одалечениот остров во Норвешка и Северниот пол. Направен е да го спаси човештвото во случај на било каква хлобална катастрофа, а таа локација е избрана поради пермфрост и стабила тектоника.

Семе кое може да преживее векови

Сефот чува повеќе од 860.000 примероци семиња од различни растенија кои биле доставени од земји од целиот свет, а има можност да складира 4,5 милиони видови растенија.

Пред се, се чува семе кое е важно за производство на храна и одржување на земјоделството. Целта на изградбата на овој склад е зачувување на биодивиризитетот во случај на губење на одредени растителни видови, било од природни катастрофи или човеково дејствување. Поради тоа таму може да се најде и единствено семе од древните сорти. Поради ниските температури и недостаток на кислород може да преживее и стотици години.

Прв пат го отворија поради војната во Сирија

Сиргија во трезорот има донирано 325 примероци семиња пред неколку години. Нивниот центар за земјоделство истражувања во сувите подрачје, сместен во градот Алепо, поради војната веќе не можеше да ја извршува функцијата на расадник кој дистрибуира семе ширум Блискиот исток.

Норвежаните затоа прв пат од 2008 година кога е изграден складот за себе на архипелагот Свалбард во Арктичкиот океан, ги отворија неговите врата.

Бродовите отпатувале во тајност и истовариле семиња во близина на мароко и Либан, а пратката требало да спаси милиони луѓе од глад. Планот е сириските научници од залихите на трезорот да направат нови видови пченица која ќе успева во сушните подрачја на Блискиот исток.

Му прети водата

Меѓутоа, неодамна поплавата го погодила тој трезор. Поради глобалното затоплување и рекордните температури се истопил пермафростот во околината на трезорот па водата влегла во објектот. За среќа нема уништени семиња, но поради поплавата многумина се прашуваат каква е бебзедноста пред други катастрофи во иднина. Скоро идеалните услови за безбедност на семињата доведени се во прашање поради дожд и топење лед во време кога се очекувал снег.

Еколошка апокалипса

Водатавлегла низ градбата, но не и во трезорот. Како пишуваат светскит емедиуми, водата во лето знае да влезе низ влезот. Меѓутоа, самиот трезор се наоѓа на повисоко ниво и семињата од 880.000 видови се безбедни. За да бидат побезбедни од идни поплави, водителите на целито трезор одлучиле да вградат додатни мерки за заштита од поплави и да ја отстранат електрониката од 100 метри долгиот тунел кој води кон трезорот.

Покрај тоа, ќе направат и дополнителни канали кои ќе ја одводнуваат водата и дождот. Во самиот трезор каде се семињата инсталирани се дополнителни пумпи за случај на евентуален продор на вода.

Инаку, кога инжинерите го дизајнирале трезорот, се воделе од евентуална ситуација да се стопи сиот лед и подрачјето да го погоди цунами. Тогаш трезорот би бил пет до седум ката над таа точка.

Loading...