Може ли канабисот да ја подобри меморијата?

Сподели со своите пријатели

Употребата на канабис може да се намали, па дури и да го забави губењето на меморијата или други прекршувања на менталнoто здравје. Ова го покажува новото истражување, цитирано од Hull Daily Mail. Изданието сепак експлицитно наведува дека ефектот врз младата генерација е сосема поинаков.

Истражувачите откриле дека дури и мали дози од тетрахидроканабинол – една од активните состојки во канабисот, може да го намали поразите на времето врз мозокот. За таа цел тие користеле постари глувци, на кои дале психоактивни супстанции и набљудувале како тоа ќе делува на меморијата.

Loading...

“Кај оние кои земале мали дози секој ден за околу еден месец, има сериозно подобрување на когнитивните функции”, коментира професорот Андреас Цимер од универзитетот во Бон, Германија. И прецизира дека тоа количество канабис не довело до несакани ефекти кај глувците. Истражувањето опфаќа 17 млади глувци, кои се на 2 месеци, 24 глувци кои се на 1 година и 29, родени пред 18 месеци.

Кај еден дел од групите била инјектирана мала количина тетрахидроканабинол, а на останатото – супстанција без оваа материја. Потоа научниците ги истражувале когнитивнбите способности на животните, нивната способност да запомнат нови информации. Постарите глувци од последните две групи покажуваат добри резултати. Додека кај помладите, на кои исто така им бил даван тетрахидроканабинол, се јавуваат многу задоцнети когнитивни способности.