Може ли да се пронајде вакцина за ракот? Тим научници тргнува во потрагата

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од експертите вклучени во борба против ракот сметаат дека создавањето вакцина која ги спречува туморите е скоро невозможно.

Loading...

Идејата може да биде примамлива, но сите студии во изминатите неколку децении покажале дека ракот е „личен“ и дека секој се разликува на молекуларно ниво.

– Тие можеби се во право, но ако постојат и 10 отсто шанси да успееме, не гледам зошто да не се обидеме, рекол Стивен Џонсон, научник и директор на Центарот за иновации во медицината при Универзитетот Аризона.

Тој неодамна започнал клиничко испитување за тестирање вакцина против рак на 800 кучиња ширум Америка. Тие ќе испитаат дали вакцината одложува или спрчеува различни видови рак кај возрасните кучиња. Доколку биде успешно, би можело да биде темел за развој на слична вакцина и за луѓето.

Израелски научници тврдат дека пронашле лек за целосно лекување на ракот

Џонсон се одлучил затоа што поголемиот дел од повозрасните припадници од видот развиваат рак како одговор на стареењето, слично како и луѓето. Исто така, многу видови рак кај кучињата на молекурално ниво се слични со човечките.

Постојат два можни исходи, еден е ракот помалку да се појавува кај кучињата, што би била голема победа, а вториот е еднакво скоро важен.

– Тоа е да ја одложиме појавата на ракот, со тоа и да го продолжиме животот. Секако, постои и опција вакцината воопшто да не делува, објаснил Џонсон.

Loading...

Испитувањето е доброволно, а тој наведува дека многу сопственици на кучиња биле заинтересирани.

Ако вакцијата биде успешна, тимот истражувачи очекуваат долг пат додека добијат дозвола за тестирање на луѓето, што е нивна цел.

Image by Darko Stojanovic from Pixabay

Leave a Reply