Можат ли видео игрите да им помогнат на децата во развој на социјални вештини?

Сподели со своите пријатели

Популарни веќе со децении, видео игрите се тренд кој постојано расте. Сепак, нѐ плаши што гледаме многу наслови во медиумите за опасностите од игрите преку интернет или влијанието на екраните врз видот и однесувањето на децата.

Loading...

Позитивните ефекти ретко се споменуваат, па се прашуваме дали воопшто постојат.

 

 

Предности на видео игри според мислењето на родителите

Не е изненадувачки што креаторите на видео игри тврдат дека нивните игри го намалуваат стресот, помагаат да се изградат вештини за критичко размислување, па дури и дејствуваат врз целото семејство во форма на поголемо зближување на членовите.

Но, прашањето е дали родителите веруваат во тоа. Интернет – провајдерот Frontier го искористи MTurk на Амазон за да праша околу 1.000 родители за нивните ставови за видеоигри.

Loading...

Според нивната неодамна објавена студија, речиси две третини од родителите веруваат дека видео игрите им помагаат на нивните деца да развијат логично и критичко размислување.

Во зависност од игрите што ги играат децата, овие вештини доаѓаат преку општа стратегија за игри, решавање сложени загатки и навигација во сложени системи за игри.

 

 

Тие, исто така, забележале дека креативноста на нивните деца се зголемила, како и нивното општо чувство за среќа и ментална благосостојба.

Сепак, позитивните ефекти не застануваат тука. Речиси половина од родителите веруваат дека видео игрите развиваат социјални вештини кај децата, понекогаш преку соработка со други членови на семејството, но претежно со пријатели или странци.

Со кого и да си играат, децата учат како да комуницираат и да соработуваат со другите на квалитетен и ефективен начин.

Loading...

Тие развиваат тимски дух и способност да ги распределат задачите за да постигнат заедничка цел. Родителите кои размислуваат вака им дозволуваат на своите деца да поминуваат 2-3 часа дневно на видео игри.

Што вели истражувањето?

Според студијата на Американското психолошко друштво, над 70 проценти од децата и адолесцентите редовно се вклучуваат во онлајн игри со пријателите и другите луѓе.

 

 

Некои од најпопуларните игри на денешницата, како што се Minecraft и Fortnite, ја охрабруваат соработката на повеќе лица за спасување други или решавање задачи. Истражувањата покажаа дека овој тип на соработка ги охрабрува децата да им помагаат на своите соседи секојдневно и да развијат емпатија и во надворешниот свет.

Институтот за игри се согласува и тврди дека вештините за деловна соработка се формираат во главите на децата во зрелоста, преку сојуз со другите во онлајн игрите.

Loading...

Во некои случаи, децата развиваат и добри лидерски вештини. Учат за активно слушање, донесување одлуки во група, се додека се забавуваат и си играат со пријателите и другите играчи.

Во написот на Каролин Нор за National Geographic се наведува дека видео игрите, во ситуации кога децата се нашле за време на пандемија, обезбедиле здивнување и начин за забава и дружење со пријателите, во отсуство на можности за поблизок физички контакт.

Сепак, дури и без причина за пандемија, има многу деца на кои видео игрите им обезбедуваат побезбеден и поудобен начин за дружење.

 

 

Loading...

Ендрју Фишман за „Психологија денес“ пишува дека децата со спектар на аутизам и децата кои страдаат од социјална анксиозност им е полесно да комуницираат преку онлајн игри отколку во живо.

Онлајн игрите во никој случај не треба да се заменуваат со социјален контакт од реалниот свет, но тие навистина можат да им помогнат на некои деца да излезат од своите школки и да научат да комуницираат на начин што им влева доверба и придонесува за чувство на удобност.

Се разбира, родителите сѐ уште треба да го ограничат времето поминато во игри, како и да го контролираат контактот и комуникацијата со странци.