Можат ли Кина и ЕУ заедно да ја запрат војната во Украина?

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез утре ќе го посети Си Џинпинг, Емануел Макрон со шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на почетокот на април и Џорџа Мелони во мај.

Loading...

По посетата на Си Џинпинг на Москва, некои европски лидери почнаа да ги пакуваат своите дипломатски куфери за Пекинг.

Шпанскиот премиер Педро Санчез утре ќе пристигне во Кина, а на почетокот на април во Пекинг ќе дојде и францускиот претседател Емануел Макрон на разговори со Си Џинпинг, заедно со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Посетата на италијанската премиерка Џорџа Мелони на кинеската престолнина е закажана за мај. Во меѓувреме во Пекинг треба да дојде и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

На неодамна завршениот самит на ЕУ немаше консензус дали треба да се направи нов пристап кон втората светска економија, што дополнително го зацврсти сојузот со Русија.

Некои беа загрижени дека и покрај веќе влошените односи меѓу Пекинг и Брисел, тие би можеле трајно да ја загубат Кина како партнер.

Други предупредија дека, и покрај „маслиновото гранче“ што го мавташе кинескиот лидер кога станува збор за завршување на војната во Украина, Пекинг всушност ги поддржува воените амбиции на Владимир Путин.

Шпанскиот премиер рече дека од прва рака ќе дознае каква е позицијата на Пекинг во однос на крајот на војната во Украина, но и дека ќе ја пренесе пораката дека Украинците ќе бидат тие што ќе ги воспостават условите за мир.

Loading...

Санчез, кој доаѓа во Пекинг на покана на Си за да одбележи половина век од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Шпанија и Кина, нагласува дека во разговорите во Пекинг ќе инсистира дека најважно е зачувувањето на меѓународниот поредок заснован на правила, што зависи од почитувањето на Повелбата на ОН.

А еден од основните принципи е почитувањето на територијалниот интегритет.

Во овој случај, како што вели Санчез – територијалниот интегритет на Украина, кој претседателот Путин го нарушува.

Оваа посета на Кина е значајна и затоа што Шпанија на 1 јули од Шведска го презема ротирачкото претседателство со Европската унија.

Голем број европски лидери на самитот на ЕУ го вклучија алармот за „наметливата“ поддршка на Кина за режимот на Владимир Путин, нагласувајќи дека не можат да стојат настрана додека Пекинг и Москва го зајакнуваат својот сојуз.

Летонскиот премиер Кришјанис Каринш предупреди дека Кина не ја презема улогата на посредник за постигнување мир, туку отворено застанува на страната на Русија.

И литванскиот претседател Гитанас Наузеда и шведскиот премиер Улф Кристерсон изразија загриженост за можноста Кина да обезбеди конкретна поддршка за Русија.

Како што се испоставува, меѓу поразумните гласови на самитот на ЕУ беше луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел, кој повика на продолжување на соработката со Пекинг.

Loading...

„Кина не е совршена, но еден ден можеби ќе ни треба. Оваа оценка ја делат неколку земји-членки“, изјави претставник на ЕУ, пренесува порталот „Политико“.

По самитот на Европскиот совет, белгискиот премиер Александре де Кроа истакна дека односите со Кина мора да продолжат.

„А тоа значи дека зборувате за работи со кои се согласувате, но и за оние за кои не го делите истиот став“.

За ЕУ, која е под притисок послушно да ја следи политиката на Вашингтон кон Пекинг и Москва, влогот во оваа геополитичка игра може да биде ризичен не само поради можноста војната во Украина да ескалира во отворен конфликт меѓу НАТО и Русија, но и поради опасноста од потенцијален воен конфликт Кина и САД околу Тајван.

Кинеските експерти сметаат дека развојот на односите меѓу Кина и ЕУ е неопходен за двете страни.

Гао Џијан, директор на Центарот за европски истражувачки студии на Шангајскиот универзитет за меѓународни студии, за „Глобал тајмс“ истакнува дека во ерата по пандемијата, глобалната економија е забавена, а Европа сфаќа дека „одвојувањето“ од Кина предложена од САД има негативно влијание врз Европа.

Кина е во единствена позиција да промовира мирно решение за украинската криза, вели Куџи Хонџијан, директор на Одделот за европски студии на Кинескиот институт за меѓународни студии.

„Европските земји знаат дека Кина не само што има способност, туку има и покажа подготвеност да понуди мировен предлог за украинската криза. Сега сакаат да го искажат ставот на Европа по ова прашање“.

Loading...

Иако планот од 12 точки на Пекинг беше дочекан со сомнеж од западните лидери како основа за постигнување мир во Украина, Кина и ЕУ имаат можност да работат заедно за да се стави крај на војната во Европа.

Кинеските експерти предупредуваат дека заедничкиот напредок во оваа работа ќе зависи од САД, кои се длабоко вклучени во украинската криза.

„САД се надеваат дека конфликтот ќе продолжи, бидејќи веруваат дека од него може да извлечат значителни придобивки. САД не сакаат да видат дека Кина игра позитивна улога во руско-украинскиот конфликт, особено како промотор на мирот, градејќи поинаков пристап за решавање на меѓународните спорови од американскиот модел“, објаснува Гао Џијан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.