Моторџиите ќе плаќаат пониски патарини

Сподели со своите пријатели

Моторџиите во Македонија ќе плаќаат пониски патарини, откако Јавното претпријатие за државни патишта донесе измена на висината за наплата на надоместок за патарина за мотоциклите, при што тие влегуваат во посебна категорија со помал надоместок.

Loading...

– Мотоциклистичката федерација на Македонија имаше доставено барање до нашата Влада за измени во наплатата на патарини за мотоцикли по што на наше големо задоволство добивме позитивно решение од страна на ЈП Државни патишта со кое е задоволено нашето барање. Со ваквото решение како држава сме изедначени со поголемиот дел од Европските држави во поглед на третманот на мотоциклите при наплатата за користење на автопатите и ние како Федерација сме среќни што институциите ги препознаваат и имаат разбирање за потребите на мотоциклистите и заедно со нас ги решаваат реалните проблемите со кои се соочуваме, велат од Мотоциклистичката федерација на Македонија.

Како што додаваат од Федерацијата, ќе продолжат во континуитет да работат на подобрување на состојбите во мотоциклизмот, особено на полето на безбедноста во сообраќајот.

Инаку, во јавноста се крена многу прашина за последната одлука на Владата за поставување нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип, каде најскапата ќе чини 100 денари за еден правец, а ќе има вкупно три наплатни станици.

Leave a Reply