Москва предупредува: Северот на Авганистан станува ново жариште за терористите

Сподели со своите пријатели

Нестабилноста ескалираше по објавата на американската администрација дека ќе ја напушти оваа централноазиска земја до 11 септември.

Loading...

Како резултат на повлекувањето на американските воени сили од Авганистан, се појавуваат покраините на северот на таа земја, кои се претвораат во нови жаришта.

Талибанците веќе ја контролираат скоро целата граница со Таџикистан, а меѓународните терористички организации ги зајакнуваат своите позиции во тој дел на земјата, предупредува Москва.

– Релативно мирните провинции на северот брзо се претвораат во нов отвор на потенцијални конфликти, а бројни терористички организации, конкретно ДАЕШ и делови од Ал Каеда, ги зајакнуваат своите позиции – изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко.

Тој предупредува на групирање странски терористи од борбени зони на Блискиот исток и Северна Африка.

– Во тек е активна фаза на регрутирање меѓу имигранти од земјите од Централна Азија од страна на терористички организации. Производството на наркотици руши рекорди – изјави Руденко и потенцираше дека деградирањето на состојбата во Авганистан, кое постојано продолжува, претставува директна закана за регионот.

Руденко го повтори ставот на Русија дека, во случај на потреба, ќе преземе мерки за спречување на агресија против Таџикистан и дека се спроведуваат планирани и непланирани воени вежби во руската воена база во таа земја.

Да потсетиме, во Авганистан владините сили се борат против терористите на движењето „Талибан“, кое контролира важни рурални области.

Loading...

Нестабилноста ескалираше по објавата на американската администрација дека ќе ја напушти оваа централноазиска земја до 11 септември.

Вашингтон и претставниците на движењето „Талибан“ го потпишаа првиот мировен договор во Доха во 2020 година, по повеќе од 18 години војна.

Предвидува повлекување на контингент на странска армија и почеток на меѓуавганистански дијалог по размената на затвореници.

Leave a Reply