Морски струи го однесоа чамчето на малата Мелду (видео)

Сподели со своите пријатели

Kрајбрежната стража во Турција од отворено море спаси девојче кое отпловило неколку километри далеку од брегот, откако родителите сфатиле дека заборавиле на своето дете.

Loading...

Девојчето Мелду Илгин ја спасило тоа што била во гумен чамец за деца. Од водата ја извлекле спасителите кои скокнале во водата за да дојдат до неа. Драматичниот момент на спасување го забележале камерите.

Агонијата на семејството Илгин започнала кога силните ветрови и големата брзина го однеле чамецот далеку од брегот.

Девојчето отпловило длабоко во морето, во правец на грчкиот остров Лезбос.

Мелду била повторно споена со своите родители, кои веднаш ја одвеле од местото, додека шокираните набљудувачи следеле што се случува.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.