МОРКОВОТ Е ИЗВОР НА ЗДРАВЈЕТО: Помага при варење, гасови, менструални болки…

Сподели со своите пријатели

Морковите содржат бета – каротен, кој им дава карактеристична портокалова боја. Покрај тоа, содржи многу витамини, како што се А, Ц, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Е и витамин К, но и минерали како што се калиум, магнезиум, железо, калциум и фосфор.

Loading...

Морковите содржат 40 калории на 100 грама, па затоа се препорачува за луѓе кои сакаат да ја регулираат својата тежина.

Освен што е многу вкусна храна, морковите имаат и многу лековити својства за организмот, поради што се препорачува често да се консумираат.

 

 

– Доколку имате проблеми со гасови, се препорачува да изедете еден морков после оброк, а ако имате лоша крвна слика, пијте сок од морков.

– На жените им е многу важно да јадат моркови доколку страдаат од менструални болки, а освен тоа одличен е и за изгледот на кожата бидејќи го забавува стареењето.

Loading...

– Морковите можат да влијаат и на здравјето на вашите заби, доколку се консумираат после оброк бидејќи ги убиваат штетните материи во устата. Ги чисти забите и ги елиминира наслагите од храна, го спречува крварењето на непцата и кариес.

– Витаминот Б комплекс кој го има во морковот, ја регулира циркулацијата на крвта, обезбедувајќи им на срцето и белите дробови нормална работа. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и помага во намалување на високиот крвен притисок.

 

 

– Конзумирањето свеж морков го зголемува производството на плунка и го забрзува варењето, обезбедувајќи ги потребните ензими, минерали и витамини. Спречува формирање на чир на желудникот и други дигестивни нарушувања.

– Свежо исцедениот сок од морков е идеален за грчеви, апендицитис, диспепсија и други дигестивни проблеми.