„Мора да сфатиме дека сме загрозени како вид“

Сподели со своите пријатели

ОН објавија поразителен извештај за мерките што ги преземаат земјите за да ги запрат климатските промени.

Loading...

Експертите повикуваат веднаш да се дејствува бидејќи подоцна ќе биде предоцна.

„The heat is on“, во слободен превод „Ќе биде жешко“. Ова е насловот на новиот извештај на Програмата на ОН за животна средина (UNEP) во кој се анализираат целите кои 120 земји си ги поставиле во рамките на Парискиот климатски договор.

Заклучоците од извештајот се поразителни. Дури и потписниците на договорот да направат се што официјално планирале, емисијата на штетни гасови би била намалена за само 7,5 отсто до 2030 година.

 

 

Тоа е премногу далеку од планираните 55 отсто, кои според експертите се потребни за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени во споредба со 1900 година.

Loading...

За да се одржи порастот на температурата на два степени, потребно е намалување на емисиите за триесет проценти.

„Да бидеме јасни: имаме осум години да направиме планови, да усвоиме и спроведеме мерки и да постигнеме намалување на емисиите – часовникот гласно отчукува“, рече Ингер Андерсен, извршна директорка на УНЕП.

Доколку земјите се држат до сегашните планови, тогаш глобалното затоплување ќе оди на 2,7 степени Целзиусови.

„Ова би резултирало со катастрофални климатски промени со кои повеќе не би можеле да се справиме – мора да се избегне по секоја цена“, изјави за ДВ Никлас Хене, професор по заштита на климата на Универзитетот во Вагенинген во Холандија.

 

 

Повеќе CO2 во атмосферата од кога било

Loading...

Според извештајот на УНЕП, разочарувачки е што речиси и да не се внимава на климата при стимулирање на економијата за време на закрепнувањето од последиците од пандемијата.

Помалку од една петтина од инвестициите придонеле за намалување на емисиите.

Сепак, пандемијата и стагнацијата на глобалната економија придонесоа за намалување на новите емисии за 5,4 проценти. Иако, концентрацијата на штетни гасови во атмосферата достигна нова рекордна вредност, како што неодамна потврди Светската метеоролошка организација.

„Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата е поголема од кога било во изминатите два милиони години“, се вели во извештајот на УНЕП.

Шансата да се задржи затоплувањето на планетата на 2,2 степени постои благодарение на таканаречените цели „нулта нето“ поставени од Европската унија, САД, Јапонија, Кина и други земји во рамките на Парискиот договор.

„Нулта нето“ значи дека емисиите предизвикани од човекот се неутрализираат со вештачки или природни тресети и шуми, кои пак го врзуваат јаглерод диоксидот. УНЕП критикува дека многу земји планираат таков биланс на состојба на нула дури по 2030 година.

„Не смееме да почнеме со тоа за пет години или за три – мора да започнеме веднаш“, побара Андерсен.

 

Loading...

 

И се чувствува еден степен

Според професорката Хена, светот нема да биде убаво место дури и ако затоплувањето престане на два степени во споредба со 1900 година.

„Сега сме еден степен погоре, и секаде во светот гледаме суши, уништување на шумите, поплави како во долината на реката Ар, пожари… Два степени, едноставно кажано, би значеле двојно повеќе екстремни временски феномени. ”

УНЕП гледа уште една шанса во борбата против метанот од производството на фосилни горива, распаѓањето на органскиот отпад, третманот на отпадните води и земјоделството, особено сточарството и садењето ориз.

Loading...

Метанот во атмосферата се распаѓа за дванаесет години, но за краток животен век е многу пати поштетен од јаглерод диоксидот.

Авторите на извештајот на ОН пишуваат дека добри мерки би можеле да бидат трговијата со сертификати за CO2 и исплатите на посиромашните земји на кои им е потешко да се откажат од валканите технологии.

„Толку доцниме со заштитата на климата што индустријализираните земји, со напори дома, мора да им помогнат на земјите во развој да ги намалат емисиите што е можно поскоро. Заостанувањето е толку големо што ниту една земја не треба да се опушти“, вели Никлас Хене.

„Не треба да очајуваме“, рече шефот на УНЕП Андерсен. „Но, светот мора да се разбуди и да сфати дека ние сме загрозени како вид. Мора да дејствуваме одлучно. Мора да дејствуваме брзо. И ние треба да го направиме тоа сега“.