Монета во знак на благодарност од Израел за Трамп

Сподели со своите пријатели

Една израелска организација направила моента со ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп во знак на благодарност што го признал Ерусалим како главен град на Израел.

Образовниот центар Микдаш соопштил дека монетата е наречена „Кованица на храмот“, ликот на Трамп со ликот на кралот Кир кој пред 2.500 години дозволил на Евреите да се вратат во Ерусалим од прогонот во Вавилон.

Раби Мордехај Персос рекол дека Трамп како Кира дал голема изјава дека Ерусалим е главен град на светиот народ.

Неговата организација направила 1.000 библиски кованици во вредност од половина шекел кој може да се купи по минимална донација од 50 долари, но не може да се користи како валута.

Микдаш е невладина овразвона и верска организација. Најавува донација со помош на која ќе се шири светлото на Ерусалим и духот на светиот храм ширум светот.

Израел ја поздрави одлуката на Трамп за признавањето која ги разгневи не само Палестинците, туку целиот арапски и муслимански свет.

Leave a Reply