Момчиња во Хрватска од морето извлекоа анакодна од 2,5 метри (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пет момчиња извлекле од морето змија долго два и пол метри. Ветеринарите најпрвин не можеле да кажат за кој вид станува збор, а потоа утврдиле дека е во прашање зелена анаконда.

Loading...

Змијата во морето ја забележал еден од момчињата и сите помислиле дека се работи за рибата угор, но кога ја извлекле на брегот сфатиле дека е во прашање влечуга, јавува Слободна Далмација.

Ветеринарната служба во Шибеник не можела да потврди за каква змија станува збор ниту дали е отровна, но подоцна е установено дека не припаѓа на ниту еден домашен вид, како и дека угинала пред да заврши во морето, се наведува во соопштението.

Утврдено е дека е во прашање речен вид на змијата зелена анаконда. Се претпоставува дека непозната личност се откажала од својот домашен миленик кој починал, па така змијата била фрлена во морето.

Со оглед дека телото било сочувано, ветерираните заклучиле дека не била долго во водата.

Случајот бил пријавен во полиција, која ќе спроведе истрага.

Loading...

Leave a Reply