Запознајте го тригодишниот Јахја Ел Џабала, дете родено без очи, нос и горна вилица, скриен од очите на јавноста откако е роден.
Момчето од Мароко било подложено на реконструктивен хирушки зафат во Австралија после голема донаторска помош на доктори кои се сложиле операцијата да ја направат бесплатно.
Операцијата траеше 18 часа, вели неговиот татко Мустафа.
– Тоа е голема радост за нас и среќа да го видиме нашето синче со ново лице.
Бебето стана познато во дел од светот откако најдобар пријател на неговиот татко ги замолил медицинските стручњаци да помогнат.
Неговата молба ја прочитала Фатима Барака која живее во Мелбурн, која е родена во село во близина на она од кое доаѓа малиот Јахја, и пораката ја испратила на Тони Холмс, хирург кој се нафатил да го оперира малото момче.
– Не можам да поверувам низ што се` поминало детето. Сега тој изгледа како секое нормално дете, и пред него стои светла иднина, вели Барака.
Се очекува дека еден ден Јахја ќе може и да зборува, бидејќи неговите гласни жици останале неоштетени во текот на операцијата.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.