Момче висеше од 6. кат, соседите спречија трагедија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тригодишно момче од кинескиот град Чонгчанг во Кина висеше на балкон од шестиот кат, што ги вознемирило соседите и мувачите, кои биле прибрани во тој момент и го спасиле детето.

Loading...

Според изјави на очевидците, момчето било само дома, а во еден момент излегло на балконот и се лизнало, но сепак успеало да се задржи со рацете.

– Погледнав нагоре и видов дека детето виси. Првата реакција ми беше да направам нешто за да го фатам. Првин мислев да застанам испод и да го фатам со голи раце, но тоа не би ми успеало, рекла Жу Џанхуи, која случајно се нашла пред зградата.

Кога сфатиле што се случува, очевидците и жителите на квартот распнјале голем прекривач за да го фатат детето и да му го ублажат падот.

Детето скокнало на покривачот и преживеало.

Соседите го однеле во болница, каде било потврдено дека детето не е повредено.

https://youtu.be/Lr9cwijgtW0

Leave a Reply