Момче тврди дека починало 13 пати и дека Господ го оживеал (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сту живеел живот со зависности, а Бог го спасил 13 пати кога се предозирал. Пробал сè, но ништо не му пречело сè додека не ја искусил љубовта Христова, барем така вели тој.

Loading...

Сту вели дека пробал секаква дроги на планетата за да се чувствува подобро поради депресијата, но ништо не можело да го задоволи.

Од неговиот 18-ти и 19-тиот роденден, тој почнал да користи хероин секој ден. Еден ден, неговите родители наишле на игли што ги користел, па биле многу вознемирени што повторно се дрогира.

Семејството се собрало и решиле да го испратат на одвикнување. Тој се пожалил на тоа, но од погрешна причина – неговата намера била да ја намали толеранцијата кон дрога за да може да се убие со повторување.

После одвикнувањето, тој отишол на работното место на татко му, му рекол дека ќе оди по цигара и веднаш отишол кај својот дилер, од кого купувал смртоносна доза на дрогата и ја вбризгувал дома.

Видел ангел како лета над неговиот кревет

Се разбудил со магла пред очите – тој тврди дека тогаш прв видел ангел како лета над неговиот кревет и го натерал да дише. Тоа е исто така прв пат како прифатил дека треба да се реши од зависноста засекогаш.

Неговиот татко, Џереми Ротон, сметал дека тие треба „да веруваат во Господ со сите сили“ и рекол дека како луѓе не можеме да се носиме со многу работи, но Исус може.

Loading...

Кејт Кампел, сестрата на Сту, изјавила дека никогаш не сакала да се откаже од својот брат и дека е убедена дека Бог ќе го спаси.

Сту неколку пати одел на одвикнување, а се предозирал 13 пати, од кои 6 пати му застанувало срцето. Тој вели дека е еден од ретките луѓе кои преживеале предозирање со хероин.

Подоцна, отишол во фарма за одвикнување и го поминал својот живот таму, велејќи дека таму му го предал својот живот на Исус. Дотогаш, сам го носел товарот на својот живот. Тој бил на разни видови дрога, а откако го прифатил Исус, престанал да пие лекови и да зема дрога, па навистина е слободен.

Целосно е чист веќе три години и е во среќен брак.

Ништо не е невозможно за Бог

Тој вели дека поради неговите лаги во главата, не му верувал на Господ и рекол дека Бог е предобар и преголем за него.

Вели дека на одвикнувањето неговата сестра напишала цитат од Посланието 2.20 на неговата рака и дека тоа му било голема сила.

„Та по Законот јас на Законот умрев за да живеам на Бога. Со Христа сум распнат. Живеам, но не повеќе јас, туку во мене живее Христос. А што сега живеам во тело, во вера живеам во Синот Божји кој ме љубеше и предаде самиот себе за мене“.

Loading...

Сту сега порачува дека за Бог ништо не е невозможно и дека само треба целосно да му се предаде, без оглед на ситуацијата во која личноста се наоѓа.

 

Leave a Reply