Момче со питачење собирало пари за болен татко кој подоцна го ограбил (видео)

Сподели со своите пријатели

Срдечното момче Ванг Менгхаоа (11) бил напуштен од својот татко откако синот со питачење по улици, успеал да собере доволно пари за негово лекување.

Loading...

Ванг започнал да питачи кога имал само шест години за да го плати лекувањето на својот татко, но во неодамнешно интервју, тој открил дека татко му го напуштил откако ги украл сите донации кои биле дарувани од добронамерни луѓе, пренесува Дејли Мејл.

Целата приказна започнува во 2011 година, кога новинарите го приметиле малиот Ванг како питачи пред Железничка станица. По истрагата било утврдено дека тој собира пари за болниот татко кој бил парализиран во трошна куќа.

Татко му на малиот Ванг им предочил на новинарите дека по преживеана сообраќајна незгода во 2009 година, тој веќе не е способен да работи.

Мајката на малото момче го напуштила кога тој имал три месеци, и со себе ја однела 15 – годишната сестра.

Откако му ги собрал парите, неговиот татко се преженил, а малото момче го оставил во длабока сиромаштија.